понедељак, 16. октобар 2017.

,,Сердарот"-Есеј

    Во поемата ,,Сердарот" напишана од Григор Прличев се зборува за желбата на Кузман да го заштити родниот крај, а во таа борба со Гегите загинува.Овие настани се одвиваат во векво западна Македонија кај областа Река.Поемата започнува со смртта на Кузман и носењето на кузман кај мајката.

    Кузман е главниот лик односно јунакот во ова дело.Кузман е загинат од почетокот на поемата а за неговите карактеристики дознаваме од другите ликови.Тој е херојот кој заминал во борба за да си го заштити родниот крај.Во борбата тој со желба да ги заштити селаните со мечот замавнувал и ги убивал Гегите-албанците.Кузман гордо ги газел сите мртви тела на Гегите.Тој во ова дело е прикажан како храбар,силен и борбен.Кузман покажувал љубов и почит кон својата мајка Неда и љубов кон девојката Марија.Иако знаел дека има малобројна чета тој имал надеж за победа.Тој поради својата сигурност продолжувал да се бори, а Гегите безмилосно го убиле Кузман.Поради својата борбеност тој бил прогласен за херој(сердар) на областа Река.

    Неда е мајката на Кузман.Таа била млада,стројна и витка жена.Таа е претставена како чесна и борбена.Неда била спремна и самата да се бори за слобода на народот иако имала голема болка кон синот.Исто како на својот син целта на мајката Неда била да ги заштити селаните од Гегите.Неда ги мразела Гегите порати убиството на својот син.Во моментот кога гегите го убиле Кузман тие и ветиле на Неда дека нема да го напаѓаат неговиот дом но таа совесно кажала дека не сака само своја заштита туку заштита на сите Македонци.Со ова Неда покажува дека една од нејзините позитивни особини е добродушноста и желбата да ги заштити селаните.

    Гегите во ова дело се противниците на Кузман.Нивната цел била да ги ограбуваат селаните и да им земаат даноци ,а поради спротивностите на Гегите и Кузман настанува борба помеѓу нив.Гегите биле бездушни и сурови албанци а тоа го покажува убиството на Кузман.Откако го убиле Кузман тие го носат телото на Кузман кај Неда и се каат поради убиството со тоа ја покажуваат својата чесност.Иако се плашеле да не ги убијат гневните селани со желба за одмазда тие го носат телото со сите почести.Тие имаат почит кон Неда поради загубата на својот син.Исто така ја тешат и ја убедуваат Неда дека нејзиниот син бил голем јунак и секогаш ќе го памтат  и почитуваат тие а и неговиот народ по неговата борбеност и желбата да ги заштити.Тие на крајот се покажуваат како чесни и човечни поради каењето.

    Оваа поема е важна за македонскиот народ бидејќи писателот ја покажува вистинската состојба на народот во тоа време.Го покажува нивното измачување и ограбување од албанците и стремежот на народот да го спречи тоа.

   





уторак, 3. октобар 2017.

,,Илијада"-Есеј


    ,,Илијада" е епопеја која се смета за дело на Хомер. Во ова дело се раскажува за Тројанската војна во XII п.н.е. која трае десет години. Тројанската војна се одвива помегју Тројанците и Ахајците во Грција. Целта во војната е освојување и проширување на територии а како причина се зема грабнувањето на кралицата Елена.
    Делото започнува со грабнувањето на Елена која била жена на спартанскиот цар Менелај од страна на Парис. Тој по грабнувањето ја однел Елена во Троја кога Агамемнон се побунил и сакал да му се одмазди. Агамемнон бил поставен како заповедник на Ахајската војска.
     Почнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон. Аполоновиот свештеник Хрис го замолува Агамемнон да му ја врати неговата ќерка Хрисеида која ја заробил кога го освојувал градот Теба. Агамемнон не сакал да ја даде Хрисеида, а Аполон налутен испратил чума помеѓу војската. Тогаш Агамемнон му ја дал Хрисеида на свештеникот но ја земал Брисеида која била робинка на Ахил.
    Ахил се повлекува од војната и ги остава Ахајците сами да се борат. Затоа тој на својот пријател Партокло му дозволува да ја земе неговата облека, оружје и шлем и да се бори  против Хектор во негово име. Хекрор го убил Партокло незнаејќи дека тоа не е Ахил.
     Кога Ахил дознава за смртта на неговиот најдобар другар се упатува кон Хектор со цел да се одмазди и го повикува на двобој. Хектор бега бидејќи не е подготвен и не очекува да го види Ахил кој го стигнува и успева да го убие. Овој есеј завршува со одењето на Пријам кој е татко на Хектор кај Ахил и го откупува телото на својот син кое свечено се пали на клада и се закопува.