,,Илијада" е епопеја која се смета за дело на Хомер. Во ова дело се раскажува за Тројанската војна во XII п.н.е. која трае десет години. Тројанската војна се одвива помегју Тројанците и Ахајците во Грција. Целта во војната е освојување и проширување на територии а како причина се зема грабнувањето на кралицата Елена.
Делото започнува со грабнувањето на Елена која била жена на спартанскиот цар Менелај од страна на Парис. Тој по грабнувањето ја однел Елена во Троја кога Агамемнон се побунил и сакал да му се одмазди. Агамемнон бил поставен како заповедник на Ахајската војска.
Почнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон. Аполоновиот свештеник Хрис го замолува Агамемнон да му ја врати неговата ќерка Хрисеида која ја заробил кога го освојувал градот Теба. Агамемнон не сакал да ја даде Хрисеида, а Аполон налутен испратил чума помеѓу војската. Тогаш Агамемнон му ја дал Хрисеида на свештеникот но ја земал Брисеида која била робинка на Ахил.
Ахил се повлекува од војната и ги остава Ахајците сами да се борат. Затоа тој на својот пријател Партокло му дозволува да ја земе неговата облека, оружје и шлем и да се бори против Хектор во негово име. Хекрор го убил Партокло незнаејќи дека тоа не е Ахил.
Кога Ахил дознава за смртта на неговиот најдобар другар се упатува кон Хектор со цел да се одмазди и го повикува на двобој. Хектор бега бидејќи не е подготвен и не очекува да го види Ахил кој го стигнува и успева да го убие. Овој есеј завршува со одењето на Пријам кој е татко на Хектор кај Ахил и го откупува телото на својот син кое свечено се пали на клада и се закопува.
Се е како што треба напишано. Добро сработено и објаснето.
ОдговориИзбришиСе е опфатено за што треба да се напише, одлично сработено.
ОдговориИзбришиНастаните од лектирата се одлично објаснети во твојот есеј. Краток е и разбирлив за читање.
ОдговориИзбриши