субота, 25. новембар 2017.

Шагринска кожа-Рафаел

    Во делото Шагринска кожа се зборува за ликот Рафаел де Валентин и чудните и изненадувачки случувања во неговиот живот.Тој со своите несвесни постапки си го скратува животот.
     Рафаел е лик кој се обидува на секој начин да го подобри животот.Исто така од неговите постапки можеме да забележиме дека и во вистинскиот живот би постоела таква личност, желна за подобар живот.Тој иако немал средства за живот имал желби кои сакал да ги исполни.Тој живеел во француско општество каде имало многу бурни револуционерни случувања.Во денешното општесвво нема револуционерни случувања и сите проблеми се решаваат на мирен начин.
     Старецот ,Рафаел го гледа како еден човек на кој му е потребна помош и со таа цел му ја нуди шагринската кожа која исполнува желби.Свесен е како другите го гледаат но не е  свесен за постапките.Тој на почетокот светот го гледа како сиромашен но одкако ја добива амајлијата, како богат.Во реалниот живот би постоела ваква личност како Рафаел, без желба за живеење.
     Со неговите постапки можеме да согледаме дека не се грижел за другите и само гледал тој да биде среќен.На крајот тој успева да ја исполни целта да биде богат но тоа не ја исполнува неговата празнина во срцето за љубов и се убива.
    
   

петак, 17. новембар 2017.

Повик на дивината

     Во ова дело се зборува за страдањата на кучето Бак и промената во начинот на живот .Бак живеел во Калифорнија кај газдата Милер каде што имал удобен живот.Таму тој си играл со децата на Милер и имал доволно храна.Во тие услови тој бил послушен,слободен,бунтовен и храбар.
     Но тоа се менува кога Бак е продаден од страна на чуварот Мануел.По пат ,на бродот Бак бил  бил тепан од човекот со црвениот џемпер.Новиот газда бил францускиот канаѓанец Перо.Таму го превзел Франскоа кој  на Бак му помага да се заштититува.По пристигнувањето во Аљаска Бак веднаш е натеран да влече санки.Таму Бак станува издржлив и измачуван но се навикнувал. Бак го запознава кучето Шпиц но не се во добри односи уште од почетокот бидејќи тој го сметал за ривал.
     Во Аљаска Бак се засилува  и станува појак.Бак наоѓа добро скривалиште,но Шпиц се засолнува таму кога настанува тепачка и Шпиц е убиен.
       Бак добива нови газди ,двајца мажи и една жена кои биле аматери и на кучињата им давале преголем товар ,а  за добивале премалку храна но сепак тој се снаоѓал да преживее на различни начини.Тие Бак сакале да го одведат на река со тенок мараз да влече санки но Тортон не дозволил.Бак го засакал Тортон и неколку пати му го спасувал животот.Бак одел во шумата и се дружел со волците, еднаш кога се враќал од таму група кучиња и Тортон ги начекал убиени од индијанците.Тогаш тој ги убива сите индијанци и оди во шумата за секогаш да живее со волците каде станува нивен водач.

недеља, 5. новембар 2017.

Панонски легенди- Житие на Кирил и Методиј

   Во делото ,,Панонски легенди настаните се одвиваат во Македонија.Се работи за мисиите на Кирил и Методиј и создавањето на словенското писмо.
   Кирил и Методиј се браќа родени во Солун.Нивните родители биле мајката Марија и таткото Лав.
   Кирил е најмалото дете во семејството,тој има солидно образование.Тој се запишува во Магнаурската школа,потоа е означен за библиотекар на Патриаршиската библотека.Тој станува филозоф со што оди на три мисии.Првата е Арапската,во таа мисија Кирил требал да го шири христијанството, тој успешни ја завршил мисијата и го научил арапскиот јазик.Втора е Хазарската мисија во која тој и Методиј имале за должност за им помогнат на Византија,тие успешно ја извршиле мисијата.Моравската мисија е најважната поради создавањето на словенското писмо глаголица, каде Константин го добива името Кирил. При крајот на животот тој заминува во Рим, каде што умира на 14 февруари 869 година.
   Методиј е постариот брат,тој се замонашува на планината Олимп.Потоа по барање на кнезот Коцељ Методиј е назначен за архиепископ.Тој ги превел сите богослужбени книги од грчки на старословенски.Тој починал на 6 април 885 година
   Идејата на поетот е да ни го прикаже значењето на Кирил и Методиј како апостоли и нивното влијание на денешната писменост и азбука.