субота, 25. новембар 2017.

Шагринска кожа-Рафаел

    Во делото Шагринска кожа се зборува за ликот Рафаел де Валентин и чудните и изненадувачки случувања во неговиот живот.Тој со своите несвесни постапки си го скратува животот.
     Рафаел е лик кој се обидува на секој начин да го подобри животот.Исто така од неговите постапки можеме да забележиме дека и во вистинскиот живот би постоела таква личност, желна за подобар живот.Тој иако немал средства за живот имал желби кои сакал да ги исполни.Тој живеел во француско општество каде имало многу бурни револуционерни случувања.Во денешното општесвво нема револуционерни случувања и сите проблеми се решаваат на мирен начин.
     Старецот ,Рафаел го гледа како еден човек на кој му е потребна помош и со таа цел му ја нуди шагринската кожа која исполнува желби.Свесен е како другите го гледаат но не е  свесен за постапките.Тој на почетокот светот го гледа како сиромашен но одкако ја добива амајлијата, како богат.Во реалниот живот би постоела ваква личност како Рафаел, без желба за живеење.
     Со неговите постапки можеме да согледаме дека не се грижел за другите и само гледал тој да биде среќен.На крајот тој успева да ја исполни целта да биде богат но тоа не ја исполнува неговата празнина во срцето за љубов и се убива.
    
   

Нема коментара:

Постави коментар