четвртак, 21. децембар 2017.

Есеј-Бескрајна приказна

    Ова дело за почнува со појавувањето на десет-дванаесет годишно момче Бастијан Балтазар Бак со темна коса кое не е прифатено во друштвото, измачувано, нема добри оценки и книгите му се најдобриот пријател.
    Затоа решава додека бега од група деца кои го бркаат да влезе во една антикварница. Таму се запознаваме со уште еден лик, лошиот продавач. Тој читал една книга која на Бастијан му западнала во око и го прашал продавачот за што се работи во неа. Продавачот му кажал дека тоа е една специјална книга, а тогаш Бак ја украл истата од љубопитност.
    Во книгата се зборува за детето Атреј кој има за задача да ја спаси Детската кралица од страшното ништо. Бастијан до толку се внесува во приказната што доведува во еден момент Бастијан од Земјата и Атреј од Фантазија да се погледнат во очи и нивната поврзаност да стане скоро реална.
    Но се случува нешто неочекувано Атреј се сретнува со лошиот волк Морг кој сака да ја уништи Фантазија. Во тој момент Атреј дознава дека Фантазија може да се унипшти само доколку на Детската кралица Бастијан не и даде ново име.
     Затоа Детската кралица го замолува Бастијан да и даде име пред да биде прекасно и пред да ја снема Фантазија. Тој исплашен излегува на прозорецот и одлучува да ја нарече ,,Дете на Месечината".Со тоа тој ја спасува Фантазија.

субота, 25. новембар 2017.

Шагринска кожа-Рафаел

    Во делото Шагринска кожа се зборува за ликот Рафаел де Валентин и чудните и изненадувачки случувања во неговиот живот.Тој со своите несвесни постапки си го скратува животот.
     Рафаел е лик кој се обидува на секој начин да го подобри животот.Исто така од неговите постапки можеме да забележиме дека и во вистинскиот живот би постоела таква личност, желна за подобар живот.Тој иако немал средства за живот имал желби кои сакал да ги исполни.Тој живеел во француско општество каде имало многу бурни револуционерни случувања.Во денешното општесвво нема револуционерни случувања и сите проблеми се решаваат на мирен начин.
     Старецот ,Рафаел го гледа како еден човек на кој му е потребна помош и со таа цел му ја нуди шагринската кожа која исполнува желби.Свесен е како другите го гледаат но не е  свесен за постапките.Тој на почетокот светот го гледа како сиромашен но одкако ја добива амајлијата, како богат.Во реалниот живот би постоела ваква личност како Рафаел, без желба за живеење.
     Со неговите постапки можеме да согледаме дека не се грижел за другите и само гледал тој да биде среќен.На крајот тој успева да ја исполни целта да биде богат но тоа не ја исполнува неговата празнина во срцето за љубов и се убива.
    
   

петак, 17. новембар 2017.

Повик на дивината

     Во ова дело се зборува за страдањата на кучето Бак и промената во начинот на живот .Бак живеел во Калифорнија кај газдата Милер каде што имал удобен живот.Таму тој си играл со децата на Милер и имал доволно храна.Во тие услови тој бил послушен,слободен,бунтовен и храбар.
     Но тоа се менува кога Бак е продаден од страна на чуварот Мануел.По пат ,на бродот Бак бил  бил тепан од човекот со црвениот џемпер.Новиот газда бил францускиот канаѓанец Перо.Таму го превзел Франскоа кој  на Бак му помага да се заштититува.По пристигнувањето во Аљаска Бак веднаш е натеран да влече санки.Таму Бак станува издржлив и измачуван но се навикнувал. Бак го запознава кучето Шпиц но не се во добри односи уште од почетокот бидејќи тој го сметал за ривал.
     Во Аљаска Бак се засилува  и станува појак.Бак наоѓа добро скривалиште,но Шпиц се засолнува таму кога настанува тепачка и Шпиц е убиен.
       Бак добива нови газди ,двајца мажи и една жена кои биле аматери и на кучињата им давале преголем товар ,а  за добивале премалку храна но сепак тој се снаоѓал да преживее на различни начини.Тие Бак сакале да го одведат на река со тенок мараз да влече санки но Тортон не дозволил.Бак го засакал Тортон и неколку пати му го спасувал животот.Бак одел во шумата и се дружел со волците, еднаш кога се враќал од таму група кучиња и Тортон ги начекал убиени од индијанците.Тогаш тој ги убива сите индијанци и оди во шумата за секогаш да живее со волците каде станува нивен водач.

недеља, 5. новембар 2017.

Панонски легенди- Житие на Кирил и Методиј

   Во делото ,,Панонски легенди настаните се одвиваат во Македонија.Се работи за мисиите на Кирил и Методиј и создавањето на словенското писмо.
   Кирил и Методиј се браќа родени во Солун.Нивните родители биле мајката Марија и таткото Лав.
   Кирил е најмалото дете во семејството,тој има солидно образование.Тој се запишува во Магнаурската школа,потоа е означен за библиотекар на Патриаршиската библотека.Тој станува филозоф со што оди на три мисии.Првата е Арапската,во таа мисија Кирил требал да го шири христијанството, тој успешни ја завршил мисијата и го научил арапскиот јазик.Втора е Хазарската мисија во која тој и Методиј имале за должност за им помогнат на Византија,тие успешно ја извршиле мисијата.Моравската мисија е најважната поради создавањето на словенското писмо глаголица, каде Константин го добива името Кирил. При крајот на животот тој заминува во Рим, каде што умира на 14 февруари 869 година.
   Методиј е постариот брат,тој се замонашува на планината Олимп.Потоа по барање на кнезот Коцељ Методиј е назначен за архиепископ.Тој ги превел сите богослужбени книги од грчки на старословенски.Тој починал на 6 април 885 година
   Идејата на поетот е да ни го прикаже значењето на Кирил и Методиј како апостоли и нивното влијание на денешната писменост и азбука.

понедељак, 16. октобар 2017.

,,Сердарот"-Есеј

    Во поемата ,,Сердарот" напишана од Григор Прличев се зборува за желбата на Кузман да го заштити родниот крај, а во таа борба со Гегите загинува.Овие настани се одвиваат во векво западна Македонија кај областа Река.Поемата започнува со смртта на Кузман и носењето на кузман кај мајката.

    Кузман е главниот лик односно јунакот во ова дело.Кузман е загинат од почетокот на поемата а за неговите карактеристики дознаваме од другите ликови.Тој е херојот кој заминал во борба за да си го заштити родниот крај.Во борбата тој со желба да ги заштити селаните со мечот замавнувал и ги убивал Гегите-албанците.Кузман гордо ги газел сите мртви тела на Гегите.Тој во ова дело е прикажан како храбар,силен и борбен.Кузман покажувал љубов и почит кон својата мајка Неда и љубов кон девојката Марија.Иако знаел дека има малобројна чета тој имал надеж за победа.Тој поради својата сигурност продолжувал да се бори, а Гегите безмилосно го убиле Кузман.Поради својата борбеност тој бил прогласен за херој(сердар) на областа Река.

    Неда е мајката на Кузман.Таа била млада,стројна и витка жена.Таа е претставена како чесна и борбена.Неда била спремна и самата да се бори за слобода на народот иако имала голема болка кон синот.Исто како на својот син целта на мајката Неда била да ги заштити селаните од Гегите.Неда ги мразела Гегите порати убиството на својот син.Во моментот кога гегите го убиле Кузман тие и ветиле на Неда дека нема да го напаѓаат неговиот дом но таа совесно кажала дека не сака само своја заштита туку заштита на сите Македонци.Со ова Неда покажува дека една од нејзините позитивни особини е добродушноста и желбата да ги заштити селаните.

    Гегите во ова дело се противниците на Кузман.Нивната цел била да ги ограбуваат селаните и да им земаат даноци ,а поради спротивностите на Гегите и Кузман настанува борба помеѓу нив.Гегите биле бездушни и сурови албанци а тоа го покажува убиството на Кузман.Откако го убиле Кузман тие го носат телото на Кузман кај Неда и се каат поради убиството со тоа ја покажуваат својата чесност.Иако се плашеле да не ги убијат гневните селани со желба за одмазда тие го носат телото со сите почести.Тие имаат почит кон Неда поради загубата на својот син.Исто така ја тешат и ја убедуваат Неда дека нејзиниот син бил голем јунак и секогаш ќе го памтат  и почитуваат тие а и неговиот народ по неговата борбеност и желбата да ги заштити.Тие на крајот се покажуваат како чесни и човечни поради каењето.

    Оваа поема е важна за македонскиот народ бидејќи писателот ја покажува вистинската состојба на народот во тоа време.Го покажува нивното измачување и ограбување од албанците и стремежот на народот да го спречи тоа.

   





уторак, 3. октобар 2017.

,,Илијада"-Есеј


    ,,Илијада" е епопеја која се смета за дело на Хомер. Во ова дело се раскажува за Тројанската војна во XII п.н.е. која трае десет години. Тројанската војна се одвива помегју Тројанците и Ахајците во Грција. Целта во војната е освојување и проширување на територии а како причина се зема грабнувањето на кралицата Елена.
    Делото започнува со грабнувањето на Елена која била жена на спартанскиот цар Менелај од страна на Парис. Тој по грабнувањето ја однел Елена во Троја кога Агамемнон се побунил и сакал да му се одмазди. Агамемнон бил поставен како заповедник на Ахајската војска.
     Почнува кавга помеѓу Ахил и Агамемнон. Аполоновиот свештеник Хрис го замолува Агамемнон да му ја врати неговата ќерка Хрисеида која ја заробил кога го освојувал градот Теба. Агамемнон не сакал да ја даде Хрисеида, а Аполон налутен испратил чума помеѓу војската. Тогаш Агамемнон му ја дал Хрисеида на свештеникот но ја земал Брисеида која била робинка на Ахил.
    Ахил се повлекува од војната и ги остава Ахајците сами да се борат. Затоа тој на својот пријател Партокло му дозволува да ја земе неговата облека, оружје и шлем и да се бори  против Хектор во негово име. Хекрор го убил Партокло незнаејќи дека тоа не е Ахил.
     Кога Ахил дознава за смртта на неговиот најдобар другар се упатува кон Хектор со цел да се одмазди и го повикува на двобој. Хектор бега бидејќи не е подготвен и не очекува да го види Ахил кој го стигнува и успева да го убие. Овој есеј завршува со одењето на Пријам кој е татко на Хектор кај Ахил и го откупува телото на својот син кое свечено се пали на клада и се закопува.



   

петак, 10. фебруар 2017.

Дали времето во коешто живееме е најдобро за мојата генерација

   ,,Ах во наше време" тоа е реченицата која често ја изговоруваат постарите. Нема потреба за тоа бидејки и времињата и начинот на живот се менуваат.

    Интернетот не е бескорисна работа како што многу си претставуваат. Блоговите,сајтовите и разни други страни на
интернет можат многу да ни помогнат да научиме нешто.
Исто така интернетот ни овозможува една информација побрзо да се прошири.
   Секако дека има штетни работи како: предолгото ,,седење"
на електонски апарати со што може да се оштети видот,замената на детските игри                                                    со нереални игри на телефонитеи др.

    Но се менуваат и барањата на децата.Во минатото децата се задоволувале со малку, а денес не се задоволни со многу.Децата повеќе ги почитувале родителите                                                                    кои пак биле построги.

    Една од предностите на денешницата е образованието кое е повисоко.Децата се           повеќе се образуваат и учат нови работи кои ке им бидат потребни во животот.

   Пуштете ги децата да ја живеат денешницата не ги преоптеретувајте со вашето                                                                            поинакво минато.