недеља, 5. новембар 2017.

Панонски легенди- Житие на Кирил и Методиј

   Во делото ,,Панонски легенди настаните се одвиваат во Македонија.Се работи за мисиите на Кирил и Методиј и создавањето на словенското писмо.
   Кирил и Методиј се браќа родени во Солун.Нивните родители биле мајката Марија и таткото Лав.
   Кирил е најмалото дете во семејството,тој има солидно образование.Тој се запишува во Магнаурската школа,потоа е означен за библиотекар на Патриаршиската библотека.Тој станува филозоф со што оди на три мисии.Првата е Арапската,во таа мисија Кирил требал да го шири христијанството, тој успешни ја завршил мисијата и го научил арапскиот јазик.Втора е Хазарската мисија во која тој и Методиј имале за должност за им помогнат на Византија,тие успешно ја извршиле мисијата.Моравската мисија е најважната поради создавањето на словенското писмо глаголица, каде Константин го добива името Кирил. При крајот на животот тој заминува во Рим, каде што умира на 14 февруари 869 година.
   Методиј е постариот брат,тој се замонашува на планината Олимп.Потоа по барање на кнезот Коцељ Методиј е назначен за архиепископ.Тој ги превел сите богослужбени книги од грчки на старословенски.Тој починал на 6 април 885 година
   Идејата на поетот е да ни го прикаже значењето на Кирил и Методиј како апостоли и нивното влијание на денешната писменост и азбука.

1 коментар: