понедељак, 26. март 2018.

Дали е добро да си мрзелив?

    Мрзеливоста е чувство кое не тера да седиме и да не работиме ништо.Дали мислите дека тоа е корисно?Не, напротив! Мрзеливоста не помага во ништо таа само ни одмага и не прави се по некорисен човек.Еве неколку причини да не се биде мрзелив
     Седење безцелно по цел ден!Исто така имаме и неколку факти кои ќе го поткрепат ова тврдење.Тие луѓе во животот најверојатно нема да имаат преголеми успеси како што ќе имаат вредните луѓе.Исто така поради мрзеливоста тие нема да ги исполнуваат своите цели.
    Тие не се движат доволно!Немаат доволна физичка активност која предизвикува здравствени проблеми.Седат секојдневно и најчесто не се помрднваат од едно место долго време што не е здраво.
    Најчесто се случува мрзеливите луѓе да не се премногу обтазувани.Зошто?Па тие се мрзеливи и да читаат книги како и да гледаат списанија и емисии кои можат да ни дадат многу информации и да научиме многу работи од нив.Исто така не комуницираат премногу со луѓето баш поради небразуваноста која не им отвора теми за разговор.Неможат да се приклучуваат во разговори поради одсуство на информации и знаења.
    Заклучивме дека мрзеливоста не е корисна и не ни носи ништо корисно.

Силјан штркот

    На почетокот на делото Силјан е оженет човек кој е многу мрзелив.Родителите го тераат на работа но тој не се вразумува.Тој е пијаница и по цел ден седи во кафеана со пријателите и не прави ништо корисно.Исто така е себичен, мисли само за себе и е негрижлив.За да го вразумат родителите му раскажуваат приказни како што е приказната за братот и сестрата кои поради клетвата која им ја дале родителите поради мрзеливоста се претвориле во пилиња.
    Тој тргнува на печалба со брод, каде бродот тоне и само тој преживува.По таа случка тој се наоѓа помеѓу планини.Таму силјан сретнува маж и жена кои му помагаат и му кажуваат како да се врати дома.Тие му раскажуваат за два извори кои еден од нив доколку се измие ќе се претвоти во човек, а од другиот ако се измие ќе се претвори во штрк.Тој бидејќи нема друг начин како да стигне до својот дом оди кај изворите и се престорува во штрк но зема едно шише и го полни со водата која ќе го претвори во човек кога ќе се врати дома.
    По пат кон дома му паѓа шишето точно на татковата куќа и се истура водата.Така тој некое време ги гледа детето и жената.По што се враќа кај изворите и повторно зема вода, се враќа дома и се претвора во човек.На крајот силјан од сите овие парешествија се променува и станува вреден, разумен,одговорен и грижлив.

понедељак, 19. март 2018.

,,Вујко Вања"-Антон Павлович Чехов

    Драмата започнува со доаѓањето на Серебрјаков и Елена на имотот на Соња. Серебрјаков е пензиониран професор , Елена е 27 годишна девојка односно жена на Серебрјаков, а Соња е ќерката  на Серебрјаков од првиот брак. Иако имотот е на Соња која го наследила од мајка си Серебрјаков се однесува како да е негов.
     Пред доаѓањето на Елена, Соња е заљубена во Астров и има надеж дека ќе ја ожени бидејќи таа е стара мома и единствена шанса и е докторот.Тоа мислење се менува кога на имотот доаѓа Елена  и носи живост помеѓу сите на имотот.Нејзината енергија и веселост ги привлекува сите погледи и вниманија , а исто така и на Астров.
     Како и на Астров, Елена ги привлекува погледите на вујко Вања, вработените, Илија и сите други кои се во нејзина близина.Тоа се случува бидејќи пред доаѓањето на Елена сите на имотот се тажни ,разочарани и не се навикнати на некои случувања, а одкако Елена доаѓа од голем град, Москва каде секој ден и се случива по нешто и таа енергија им ја пренесува на имотот.Таа енергија владее кратко време се додека Елена и Серебрјаков не си зминат, а тоа предизвикува вујко Вања  со пиштол да посегне по животот на Серебрјаков.По тој настан на имотот се се враќа во нормала.
    Ова дело покажува за разочараноста на ликовите во делото за залудно изминатиот живот.

недеља, 11. фебруар 2018.

,,Прва љубов-Иван С.Тургењев

Фабула

      Во романот се зборува за љубовта помеѓу шеснаесетгодишно момче и дваесет и едно годишна девојка.  

     Романот започнува со средбата на Владимир и двајца мажи кои почнуваат да ги раскажуваат своите први љубовни искуства. Кога доаѓа ред на Владимир тој решава својата приказна да ја напише во тетратка.По два месеци тие повторно се сретнуваат и Владимир почнува дараскажува.

     Тој се заљубил во сосетката Зинаида, но таа не му ја возвраќала љубовта.По некое време дознава дека таа се заљубила во неговиот татко Петар.Кој на крајот умира поради смртта на неговата жена, а Владимир дознава за бракот на Зинаида и Долски. 

Сценарио

(На забава се сретнуваат тројца мажи од кој еден е Владимир)

Домаќинот: Секој од нас мора да ја раскаже историјата на својата љубов! (рече тој додека се сместуваше удобно во фотелја и ја палеше цигарата) Вие сте на ред Сергеј Николаевич!

Сергеј: Јас немав прва љубов! Јас веднаш почнав од втората!(на крајот рече тој)

Домаќинот: Како тоа?

Сергеј :Едноставно, јас имав осумнаесет години кога и се додворував на една убава госпоѓица како тоа да не беше ништо ново за мене. Прв и последен пат се вљубив во мојата негувателка. Ништо интересно.

Домаќинот: Што ќе правиме сега?Јас немам интересна приказна.Се заљубив во Ана Ивановна која е мојата сегашна жена. Се свршивме,се венчавме и толку! (рече разочарувачки). Вие Владимир Петрович? Очекуваме на вас да раскажете интересна приказна.

Владимир: Мојата приказна навистина не е секојдневна! Ќе има што да слушнете!

Сергеј и домаќинот: А!

Владимир: Па ајде кога сакате толку многу ќе ви раскажам! Илиии, не нема да раскажувам.

Сергеј: Зошто?

Вадимир: Не сум мајстор во раскажувањето, но ако ми дозволите ќе ја запишам мојата приказна во тетратка! И ќе ви прочитам! (рече досетливо)

Сергеј: Нее! Раскажи сега! Да слушнеме! (се побуни)

Домаќинот: Ајдее! Раскажи сега!

Владимир: Ќе слушшнете за две недели !

 

   

уторак, 2. јануар 2018.

Есеј-,,Галебот Џонатан Ливингстон"

    Во лектирата се зборува за галебот Џонатан Ливингстон кој живеел во јато во ке примарна потреба била храната.Тој бил слаб и старешината го терал да бара храна за да преживее.
    Но, тој бил поразличен од другите.Тој повеќе го сакал летањето отколку  храната. Тој се трудел и успеал да биде поразличен. Успеал да постигне рекотд во своето јато од тристотини деведесет и шест километри на час.
    Џонатан пчекувал пофалби во јатото но старешината го истерал од јатото.
    Тој стекнува нови вештини и го усовршува неговото летање до петстотини километри на час. Кога во еден момент сретнува два галеби слични на него за кои дознава дека се неговите браќа. Ги учи да летаат но во еден момент ги снемува.На почетокот бил одбиван, но по некое време илјадници галеби се собирале околу него и сакале да станат како него.
    Од ова дело можеме да заклучиме дека не треба сите да сме исти и дека не треба да ги осудуваме тие што се различни од нас.