понедељак, 26. март 2018.

Силјан штркот

    На почетокот на делото Силјан е оженет човек кој е многу мрзелив.Родителите го тераат на работа но тој не се вразумува.Тој е пијаница и по цел ден седи во кафеана со пријателите и не прави ништо корисно.Исто така е себичен, мисли само за себе и е негрижлив.За да го вразумат родителите му раскажуваат приказни како што е приказната за братот и сестрата кои поради клетвата која им ја дале родителите поради мрзеливоста се претвориле во пилиња.
    Тој тргнува на печалба со брод, каде бродот тоне и само тој преживува.По таа случка тој се наоѓа помеѓу планини.Таму силјан сретнува маж и жена кои му помагаат и му кажуваат како да се врати дома.Тие му раскажуваат за два извори кои еден од нив доколку се измие ќе се претвоти во човек, а од другиот ако се измие ќе се претвори во штрк.Тој бидејќи нема друг начин како да стигне до својот дом оди кај изворите и се престорува во штрк но зема едно шише и го полни со водата која ќе го претвори во човек кога ќе се врати дома.
    По пат кон дома му паѓа шишето точно на татковата куќа и се истура водата.Така тој некое време ги гледа детето и жената.По што се враќа кај изворите и повторно зема вода, се враќа дома и се претвора во човек.На крајот силјан од сите овие парешествија се променува и станува вреден, разумен,одговорен и грижлив.

Нема коментара:

Постави коментар