понедељак, 19. март 2018.

,,Вујко Вања"-Антон Павлович Чехов

    Драмата започнува со доаѓањето на Серебрјаков и Елена на имотот на Соња. Серебрјаков е пензиониран професор , Елена е 27 годишна девојка односно жена на Серебрјаков, а Соња е ќерката  на Серебрјаков од првиот брак. Иако имотот е на Соња која го наследила од мајка си Серебрјаков се однесува како да е негов.
     Пред доаѓањето на Елена, Соња е заљубена во Астров и има надеж дека ќе ја ожени бидејќи таа е стара мома и единствена шанса и е докторот.Тоа мислење се менува кога на имотот доаѓа Елена  и носи живост помеѓу сите на имотот.Нејзината енергија и веселост ги привлекува сите погледи и вниманија , а исто така и на Астров.
     Како и на Астров, Елена ги привлекува погледите на вујко Вања, вработените, Илија и сите други кои се во нејзина близина.Тоа се случува бидејќи пред доаѓањето на Елена сите на имотот се тажни ,разочарани и не се навикнати на некои случувања, а одкако Елена доаѓа од голем град, Москва каде секој ден и се случива по нешто и таа енергија им ја пренесува на имотот.Таа енергија владее кратко време се додека Елена и Серебрјаков не си зминат, а тоа предизвикува вујко Вања  со пиштол да посегне по животот на Серебрјаков.По тој настан на имотот се се враќа во нормала.
    Ова дело покажува за разочараноста на ликовите во делото за залудно изминатиот живот.

Нема коментара:

Постави коментар